Историја
Ние, Р.С БОБИ 99 ДООЕЛ Прилеп, сме фирма што се занимава со професионално управување и одржување на станбен и деловен простор. Фирмата е основана во 1999 година со тоа што нашата работа низ текот на годините претрпи многу измени и надополнувања, а се согласно нашите и ваши желби и потреби, како и законските права и обрски.
Наша основна дејност е управувањето на станбен и деловен простор. Тоа подразбира менаџирање, односно преземање на сите потребни организациски, административни, сметководствено-финансиски, технички, правни и други работи потребни за беспрекорно функционирање на сите наши згради. Дополнително на тоа ја одржуваме хигиена, како и тековно и инвестициско одржување на истите.

Ангажирајте професионален управител за Вашата зграда
Наша визија и мисија
Наша цел, фокус на нашето целокупно работење е постигнување на највисоко можно ниво на соработка помеѓу нас и станарите. Ние сме посветен и сериозен партнер на сите сопственици, нивни полномошници или корисници на станбените и деловните единици, како и на сите државни и приватни органи, институции и други установи чијшто делокруг на постапување се поклопува со нашиот.
Да постигнеме квалитетни услови за живеење во зградите, како во поглед на обезбедување на поволни услови од аспект на безгрижност, безбедност, удобност во живеењето, така и во поглед на развивање на добри меѓусоседски односи и соживот на станарите во зградите е наша мисија и остварување.
Сето тоа се трудиме и го остварување со нашата:
– Транспарентност и достапност – колегите во нашите две канцеларии, седум службени телефонски броеви, две службени меил адреси се секогаш на располагање за остварување на контакт и излегување во пресрет за сите ваши потреби, информации, барања или увид во документации. Месечно информирање на станарите за сите задожување, како и објавување на квартални и годишни финасиски извештаи.
– Професионализам – нашиот тим е составен од соодветно образован и многу побитно, стручно надоградени членови, а нашето долгогодишно искуство во соочување, решавање и надминување на проблеми само придонесе за уште повисоко ниво на професионален пристап кон работата.
– Доверба – со оглед на тоа дека довербата е клучна за успешна соработка ние секогаш настојуваме врската меѓу нас и станарите да биде квалитетна, длабока, стабилна и долготрајна.