Контакт
Локација Прилеп
Адреса: улица Херој Карпош број 3 Прилеп
Работно време: 08.00 – 16.00
Контакт: +389 78 334 341
Локација Битола
Адреса: улица Павел Шатев Битола
Работно време: 08.00 – 16.00
Контакт: +389 75 725 402
Локација Кавадарци
Адреса: улица Цветан Димов број 13
Работно време: 08.00 – 16.00
Контакт: +389 75 408 016
Најчесто поставувани прашања
Управителот е потребен со цел да се обезбеди непречено фунционирање и одржување на еден станбено-деловен објект со тоа што за истиот редовно ќе бидат подмирувани сите трошоци, а истите сразмерно поделени на сите сопственици. Проблемите се решавата побрзо, се почитува вољата на мнозинството и се избегнуваат меќусоседските несогласувања.
Со станбената зграда може да управува лиценцирана фирма за управување со станбен и деловен простор или самите станари со регистрирање на заедница на станари во Централен регистар на РСМ.
За склучување на договор потребно е за него да се согласни 51% од вкупниот број на сопственици на посебни единици во конкретната зграда. Својата согласност ја искажуваат со потпишување на записник од собирот на станари, на истиот се одбира и претставник со надзорен одбор кој во иднина ги потпишува останатите документи во име на мнозинството.
ПОБАРАЈ ПОНУДА/КОНТАКТ
ПОБАРАЈ ПОНУДА/КОНТАКТ
За било каква активност во зградата што е од заеднички интерест потребно е станарите да донесат писмена одлука во која имаат изразено согласност за истата 51% од сопствениците на станбено-деловни единици, опишан е проблемот, начинот на решавање или одбрана понуда за решение, како и начин на плаќање за настанатите трошоци.
Сите сопственици на посебни станбени или деловни единици во зградта сразмерно ги делат трошоците за одржување. Тоа значи дека сите се должни да го плаќаат својот дел од трошокот. Станарите можат да исклучат некој од задолжување по разни основи, со носење на валидна одлука за тоа, со тоа што делот од трошоците на ослободениот станар се распределува на останатите станари.
Во таков случај средствата од резервниот фонд на зградата се префрлаат на ново отворената сметки за резервен фод од страна на новиот управител на зградата, или сметка на заедница на станари, или одреден сопственик за кој се согласили 51% од вкупниот број сопственици.
Сопствениците на станбени и деловни едници на зградата што се против или воздржани за склучување на договор за управување, должни се да ја почитуваат вољата на мнозинството сопственици. Односно, доколку 51 % од вкупниот број сопственици се против, договорот неможе да се склучи, а доколку се 49%, договорот се склучува и за нив важат сите права и обврски што произлегуваат од истиот.